• Бр.1 : Со нетрпение очекуваме можност да соработуваме со Вас.
  • info@atomsteel.eu
Тодосија Паунов 34

Кочани, Македонија

+389 33 297 444

Јавете се

Резервоари - Atom Steel

ATOM STEEL нуди подземни резервоари за складирање произведени со единечни или двојни ѕидови, соодветни за течности од III класа. Производствениот процес е согласно со EN 12285-1 и JUS стандардите.

Подземните резервоари за складирање имаат специјална обработка на површината со слој на полиуретан (Endoprene), тестиран и потврден до ±12kV. Системот за детекција на протекување се користи за трајно надгледување на функционирањето на резервоарот со двојни ѕидови.

Вертикален челичен резервоар

Намена: Вертикалните челични резервоари се користат за складирање на големи количина на нафта и нафтени деривати, како и други неагресивни течности.

Технички податоци: Резервоарот има цилиндрична форма со две торисферични основи. Волуменот и главните димензии на резервоарот се согласно со JUS.M.Z3.030. и се дадени во табелата.

Резервоарот е направен со заварување на челичен лим s235JRG2. Содржи контролен отвор и приклучок за греалица.  Бројот на приклучоци за греалица (еден или два) зависат од нарачката. Приклучоците на резервоарот се наоѓаат на капакот на контролниот отвор и на барање на клиентот може да се постават на приклучокот за греалицата.

Скалите, оградите и другите додатоци може да се договорат посебно. Резервоарот надворешно е заштитен против корозија со основна боја, внатрешно се заштитува на барање на клиентот. Секој резервоар е хидраулично тестиран на воден притисок од 2 бари.

Пример за нарачка: VCR – 10 – 500/600

VCR – вертикален челичен резервоар
10 – волумен во m3
500 – дијаметар на првиот приклучок за греалица
600 – дијаметар на вториот приклучок за греалица

vertical

Резервоар со двоен слој

Намена: Хоризонталниот резервоар со двоен слој е наменет за складирање на лесно масло  на кое не му е потребно претходно загревање и кои не се под притисок поголем од 0.5 бари. Може да се вгради на постројки со поголема заштита или на постројки кои треба да ги задоволуваат барањата за висока заштита на животната средина, како подземен или надземен резервоар.

Технички податоци: Хоризонталниот резервоар со двоен слој е со цилиндрична форма и е изработен од челични плочи со квалитет s235JRG2. Главните димензии се според  JUS M.Z3.014 и DIN 6800 B1 2. Резервоарот со двоен слој ги има сите приклучоци како и резервоарот според JUS M.Z3.010, вклучувајќи приклучок R1” за контролните делови. Овој навоен приклучок се поставува на највисоко место. Освен контролниот приклучок има и приклучок за испуштање на гасовите за време на полнењето на контролната течност помеѓу слоевите.

Пример за нарачка: HRDS 20 PU

ХРДС– Хоризонтален резервоар со двоен слој
20 – волумен на резервоарот во m3
PU – полувкопан

horisontal

Range of Tank Sizes & Dimensions: Underground – Single & Double Skin
Sales
Volume
Tank
Diameter
(mm)
Total
Length
(Metres)
Calculated
Capacity
(Litres) 
Min
Comp.
Size
Indicative Weight
Single
Skin
Double
Skin
5 m3 1 600 2.9 5,100 ~ 1,000 1,500
10 m3 5.6 10,500 3 m3 1,350 2,500
10 m3 1 900 4.2 10,743 4 m3 1,480 2,580
15 m3 6.2 16,413 4 m3 1,970 3,400
20 m3 7.7 20,665 4 m3 2,570 4,440
25 m3 9.7 26,335 4 m3 3,120 5,330
30 m3 11.2 30,588 4 m3 3,660 6,300
20 m3 2 500 4.85 21,500 6 m3 2,290 4,250
25 m3 5.85 26,400 6 m3 2,590 4,840
30 m3 6.85 31,300 6 m3 3,100 5,420
35 m3 7.85 36,200 6 m3 3,580 6,010
40 m3 8.85 41,100 6 m3 3,860 6,590
45 m3 9.85 46,000 6 m3 4,310 7,175
50 m3 10.85 50,900 6 m3 4,660 7,760
60 m3 12.85 60,700 6 m3 5,450 8,930
30 m3 2 900 5.5 32,660 9 m3 3,230 6,470
35 m3 6 35,960 9 m3 3,580 6,870
40 m3 7 42,560 9 m3 4,220 7,800
7.5 45,860 9 m3 4,510 8,240
50 m3 8.5 52,460 9 m3 4,870 9,130
60 m3 10 62,360 9 m3 5,740 10,460
70 m3 11.4 71,600 9 m3 6,540 11,710
80 m3 13 82,160 9 m3 7,450 13,130
100 m3 16 101,960 9 m3 9,065 15,790

** All tanks ranging 5m³ – 100m³ offerred in Single or Double Skin

Хоризонтален челичен резервоар

Намена: Хоризонталниот челичен резервоар е наменет за складирање на нафта и нафтени деривати (пр. нафта за греење ) како и за други неагресивни течности. Може да се постави како подземен и надземен.

Технички податоци: Резервоарот е наменет за максимален притисок до 0.5 бари и е тестиран на ладен воден притисок до 2 бара. Резервоарот е со цилиндрична форма со две торисферични основи и е направен со заварување на челик со квалитет S0361. Формата, главните димензии и волуменот на резервоарот се според JUS M.73.01O (DIN 6608) (види табела 1.).

Приклучоците се поставени на капакот на контролниот отвор. Бројот и позициите на резервоарот се прикажани на цртежот (види го делот Опрема на резервоарот), на барање на клиентот може да ставиме друг број и позиција на приклучоците.

Исто така, на барање на клиентот можеме да извршиме достава на целосна арматура, основа и опрема за контролен отвор, анкер трака и т.н. Сите резервоари се целосно заштитени од корозија, без разлика на видот на монтирање. Надворешната површина на резервоарот е заштитена со слој на основна боја и во случај на подземен резервоар (на барање на клиентот) се додава и битуменска трака тестирана на напон од 14000 V. Надворешниот заштитен слој е неагресивен во контакт со челик и е отпорен на штетното влијание на земјата.На барање на клиентот, внатрешната површина на резервоарот ја заштитуваме со слој отпорен на штетното дејство на наталожените течности.

* Сите резервоари се во опсег 5m³ – 100m³ и се нудат со единечен или двоен слој

horisontal-1