• Бр.1 : Со нетрпение очекуваме можност да соработуваме со Вас.
  • info@atomsteel.eu
Тодосија Паунов 34

Кочани, Македонија

+389 33 297 444

Јавете се

Просторни решетки - Atom Steel

Просторните решетки изработени од Атом Стил ја засилуваат цврстината и повеќенаменоста на челикот со користење на шупливи челични цевки. Шупливиот челик е полесен, но сепак цврст и флексибилен, овозможувајќи им на проектантите креирање на специјални и структурни димензии на зградите како што се закривувања, закосувања и други нестандардни форми.

Просторните решетки се соодветни за голем број на резидентни, комерцијални и индустриски згради кои бараат простор и модерен изглед. Тоа е современо и економично градежно решение со полесна структура, полесна монтажа и побрза градба. Со опсег од 4 до 50 метри, со поголем опсег за поголеми згради, просторните решетки на Атом Стил се стилски и флексибилни. Полесните и поедноставните структури имаат и помали градежни трошоци. Во поседните две декади, распространетата употреба на просторните решетки се должи на нивниот структурен потенцијал и визуелно добриот изглед.

Нови и креативни примени на просторните рамки се забележуваат кај сите видови на градби, како спортски сали, саеми, хали, транспортни терминали, авионски хангари, работилници и складишта. Тие не само што се користат на поголеми покриви, туки и на средни и кратки покриви, подови и надворешни ѕидови. Насекаде низ светото се проектираат и изведуваат интересни проекти со примена на различни конфигурации.