• Бр.1 : Со нетрпение очекуваме можност да соработуваме со Вас.
  • info@atomsteel.eu
Тодосија Паунов 34

Кочани, Македонија

+389 33 297 444

Јавете се

Заварување на носачи - Atom Steel

Автоматската линија на Atom Steel  за ЕПП заварување со две или четири глави.

Овие машини се специјално дизајнирани за производство на заварени “Т” или двојно “Т” носечки греди.

Носачот се поставува во машината и двете страни на носачот се заваруваат истовремено. Кога се произведуваат двојно “Т” носачи, откако ќе се завари првата прирабница, носачот се превртува и повторно се поставува во единицата.

Ние нудиме целосно и ефикасно заварување на носачи и прoфили изработени по мерка. Линиите се дизајнирани со цел економична и внимателна изведба, и може да се состават со дополнителна опрема за задоволување на специјалните барања за капацитет и квалитет. Заварувањето на I/H- носачи, Т-носачи или L-носачи, носачи со широка прирабница, коломни и конусни носачи, опрема за ракување за монтирање и управување со мрежи и прирабници, како и управување со веќе заварени профили.

Атом Стил CNC плазма

 

Системите за CNC плазма на Атом Стил се машини кои имаат апарат за заварување со плазма кој се движи според компјутеските инструкции. Терминот “CNC” се однесува на “Computer Numerical Control” (Компјутерска нумеричка контрола), што значи дека се користи компјутер за директно придвижување на машината врз основа на нумерички код во програмата.

Shot-blasted челични конструкции

Shot blasting се добива со процес на исфрлање на челични микро топчиња со голема брзина на површината на челичната структура. Ова има за цел да се неутрализираат неправилностите од леењето на површината на структурата за да се добие поголема заштита од ‘рѓосување.

Бидејќи површината на челикот станува помазна со овој процес, бојата е подолготрајна, како и целата зграда.  Со тоа имате голема придобивка, бидејќи идните трошоци за одржување се намалуваат.