• Бр.1 : Со нетрпение очекуваме можност да соработуваме со Вас.
  • info@atomsteel.eu
Тодосија Паунов 34

Кочани, Македонија

+389 33 297 444

Јавете се

Силос - Atom Steel

Постојат неколку начини за складирање на житото, како што се челичните силоси за жито, складишта, во вреќи и т.н. Меѓу сите нив, челичните силоси за жито и бетонските силоси за жито се најмногу користење како системи за складирање на жито.

Дизајн

  • Процесот на изведба на бетонската рамка е многу посложен, бидејќи може да биде динамичен или постојан процес. Поставувањето на арматурата, квалитетот на бетонот и сл., сето тоа има влијание на крајниот производ. Исто так, и лицата одговорни за надзор на работата имаат сериозна задача при изведбата на бетонските силоси: повеќе луѓе работат на градилиштето, подолг период на изведба (како резултат на временските услови) и секако, повисоки трошоци.
  • Бетонските силоси може да бидат повисоки од челичните силоси, но последниве може да имаат поголем дијаметар, така што вкупниот капацитет е поголем. Затоа бетонските силоси се посоодветни само доколу просторот е ограничен.
  • Полесно е да се монтираат челичните силоси, исто така и да се постави дополнителна опрема како врати, скали и сл.
  • Челичната структура е пофлексибилна, таја што челичните силоси се постабилни за време на земјотрес.
  • Во однос на непропустливоста, и двете структури се пропустливи доколку отворите се соодветно затворени.

Цена

Челичниот силос овозможува поголем капацитет на складирање по евро. Тие се многу поекономични, бидејќи имаат поголем капацитет на складирање.

Вентилација

Вентилацијата во челичните силоси е многу поедноставна и поефикасна. Јачината на вентилацијата е нелинеарна функција на длабочината на житото. Честопати е невозможно или непрактично да се овозможи истиот проток на воздух во високите бетонки силоси во ист степен како кај пониските и пошироки силоси (во случајот челичните силоси). Поголема длабочина на житото, исто така доведува до поголема топлина при компресијата во системот за вентилација. Тоа значи дека е потребна пониска надворешна температура за да се постигне истата температура на житото, со што се отежнува раната вентилација.