• Бр.1 : Со нетрпение очекуваме можност да соработуваме со Вас.
  • info@atomsteel.eu
Тодосија Паунов 34

Кочани, Македонија

+389 33 297 444

Јавете се

Проектирање-Изведба - Atom Steel

Проектирање-Изведба

Големото искуство и потврденото know-how на Атом Стил ни овозможува да понудиме целосен опсег на услуги за вашите градежни проекти, од фазата на пред-изградба па сè до целосна изведба.

Дизајн I Инженеринг I Производство I Монтажа

АТОМ СТИЛ им го нуди на клиентите пристапот проектирање-изведба. Со спојување на фазите на проектирање и изградба, овој докажан процес ги намалува ризиците кај градежните проекти и го намалува времето на изведба. Вклучувањето на АТОМ СТИЛ уште во фазата на проектирање, им овозможува на сопствениците и градежниците на недвижен имот подобра контрола на буџетот и плановите за изградба. Целиот процес е поедноставен и обединет. Ние, во Атом Стил, веруваме дека најдобрите проекти се резултат на заедничката работа на партнерите, цел која најдобро се постигнува со примена на пристапот проектирање-изведба.

Со АТОМ СТИЛ како ваш главен парнер, се стекнувате со голем број на придобивки:

  • Единствен изведувач одговорен за проектирање и изведба на проектот (структура и обвивка на зградата), доколку се побара.
  • Само неколку партнери се вклучени со што се овозможува подобра комуникација и намален ризик.
  • Тим на експерти – инженери, техничари и проектни менаџери – кои се одговорни и работат заедно со вас за да ги разберат вашите уникатни потреби.
  • Користиме најнова дигитална технологија за добивање на најдобри технички планови и нацрти, а со  тоа и проектирање на ефикасна и економична челична рамка.
  • Експертиза и детално познавање на градежниот бизнис.
За едноставна, чесна и доверлива соработка при спроведувањето на градежните процеси, доверете ги вашите проекти на Атом Стил.